Powered by benamic logo
hero

Не трошете драгоцена хартија

Заштедете до 50% од трошоците за мастило со тоа што ќе печатите повеќе за помалку.
Купете еден од избраните печатачи на Canon и добијте ексклузивен поврат на средства до 4.920 ден.
Добијте поврат на средства до 6.150 ден доколку сте член на Canon Club.

  • Лични Детали
  • Податоци за банковно плаќање
  • Детали На Производ
Ве молиме потполнете ги сите полиња означени со ѕвездичка *
Лични Детали
Северна Македонија
Податоци за банковно плаќање
 
 
Внесете целосни имиња на корисникот на сметката според пасош / лична карта (без иницијали и наслов)
Внесете целосни имиња на корисникот на сметката според пасош / лична карта (без иницијали и наслов)
Детали На Производ
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
DD/MM/YYYY
Ве молиме поднесете го вашиот доказ за набавка:
Поставете слика на сериски број и баркод: *
Updated on 6:33 AM / 24-Apr-2026

Правила и услови на промоцијата „Megatank во Вашиот свет на Canon CEE

1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само на купени производи од наведената/прикачената листа подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери во периодот помеѓу 01.2.2026 и 30.6.2026 год., вклучително („Промотивен период”). Набавките мора да бидат оригинални набавки за готовина или нејзин еквивалент.

1.2. Сите учесници мора да бидат на возраст од18 години и постари и мора да бидат жители на Р. Северна Македонија („Учесник”).

1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови.

1.4. Сите производи мора да бидат купени во Р. Северна Македонија и мора да биле снабдени и дистрибуирани до трговците од Canon CEE GmbH („Canon”) или групата компании на Canon лоцирани во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Онлајн продавниците мора да прикажат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.

 

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да се квалификуваат за промоцијата, учесниците мора да купат промотивен производ на територијата на Р. Северна Македонија, за време на промотивниот период И да поднесат валидно барање онлајн во периодот од 01.2.2026 и 15.7.2026 год.

2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи ги и одредените валидни сериски броеви на EEA производите) на образец за барање на http://canon.com.mk/offers/megatank-cashback/. Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн набавка, како и слика од серискиот број и EAN код земени од пакувањето на производот. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 48 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 48 часа по изработката на вашето барање,ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.com.rs

2.3. Учесниците кои се регистрирани како членови на Canon Club во моментот на купување на Промотивен производ или при поднесување на важечко барање за поврат на пари во рамките на Промотивниот период, имаат право да го добијат износот на поврат на пари за членови на Canon Club, како што е наведено во Дел 8 (колона „Износ на cashback за членови на Canon Club“ во табелата со Промотивни производи).

2.4. Доколку учесникот не е член на Canon Club или достави неважечки број на Canon Club, како што е опишано во точка 2.3 од овие Услови, тој сè уште има право да го добие стандардниот износ на поврат на пари наведен во Дел 8 (колона „Износ на поврат на пари“ во табелата со Промотивни производи). Сепак, таквите учесници немаат право да го добијат износот на поврат на пари за членови на Canon Club (колона „Износ на поврат на пари за членови на Canon Club“).

2.5. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни призводи за време на промотивниот производ.

2.6. Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 15.7.2026 година. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.

2.7. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.

2.8. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 промотивни производи за време на промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од комплети или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат подобни за оваа промоција.

2.9. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

3. ПОВРАТ НА ПАРИ

3.1. Учесниците ќе добијат поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.

3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна IBAN исплата на банкарска сметка на учесникот. Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек.

3.3. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.

3.4. Доколку учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.

3.5. Ќе се издаде само една IBAN исплата по важечко барање.

3.6. Ако сте регистрирани за ДДВ во Р. Северна Македонија и добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочливата вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите вашиот влезен данок.

3.7. Сите даноци, давачки или одговорности наметнати или применливи за повратот на пари, ќе бидат на товар на учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

4. ПРОМОТОР

4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Am Europlatz 2, 1120, Виена, Австрија

 

5. ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените илиагентите на Canon.

5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.

5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во однос на промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

6. ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.

6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

 

7. ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ

Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

8. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

Модел

Износ на поврат на пари (ден.)

Износ на поврат на пари за членови на Canon Club (ден.)

G3416

                         1.230 MKD

                         1.845 MKD

G3410

                         1.230 MKD

                         1.845 MKD

G3430 BK

                         1.845 MKD

                         2.153 MKD

G3470 BK

                         2.153 MKD

                         2.460 MKD

G3470 WH

                         2.153 MKD

                         2.460 MKD

G3480

                         2.153 MKD

                         2.460 MKD

G2410

                             923 MKD

                         1.230 MKD

G2416

                             923 MKD

                         1.230 MKD

G2430

                             923 MKD

                         1.230 MKD

G2470

                         1.230 MKD

                         1.538 MKD

G4470

                         2.460 MKD

                         2.768 MKD

GX3040

                         4.920 MKD

                         6.150 MKD

 

9. ЛИСТА НА ПРОДАВНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВААТ:

Neptun Macedonia

Setec

Riversoft

FStop

Pixplus 

Impegna

Riversoft

Abix

* Потврдувам дека ги прочитав и прифатив Одредбите и условите на оваа промоција. Се согласувам со Одредбите и условите на Canon и неговата политика за приватност.
Ве молиме штиклирајте во одреденото поле ако сакате да добивате електронски комуникативни пораки од Canon за негови производи, настани и услуги.

Ако сакате да се откажете од добивање на маркетинг материјали од нас, ве молиме контактирајте не на : canon-unsubscribe@promotion-support.com